Сакате да напишете уредно писмо, да креирате графикон со податоци, да направите презентација или да напишете забелешки а не знаете како? Решението е едноставно – изучување на основни и напредни компјутерски вештини. Најдобриот начин е да научите повеќе компјутерски програми за да можете беспрекорно да ја вршите вашата секојдневна работа.
Кои компјутерски вештини ви се најпотребни?
Најчесто употребувани компјутерски програми се: Word, Excel, PowerPoint и Outlook. Тие им помагаат на оние што ги користат овие програми да создаваат, уредуваат и да управуваат со документи, табели, презентации, електронски пошти, белешки и публикации. Овие алатки станаа популарен избор за лична и професионална употреба кај луѓето, бизнисмените и организациите низ светот. Од голема важност се и Аcсess , Publisher и Onenote, но во зависност од природата на работата. Секоја програма има своја уникатна намена, а подолу може да ги дознаете основните функции за секоја од нив:
• Word: Програма за текст користен за создавање, уредување и форматирање на текстуални документи како што се писма, извештаи и резимеа.
• Excel: Програма за табеларно организирање, пресметување и анализирање
на нумерички податоци. Програмата, исто така, може да се користи за финансиски податоци, продажбени суми и податоци на резерви.
• PowerPoint: Програма за создавање на визуелни презентации со слајдови, слики, текстови и мултимедијални елементи.
• Outlook: Програма за електронска пошта и менаџмент на лични информации
користена за управување на електронски пошти, календари, контакти и задачи.
• Access: Програма која се користи за создавање и управување на бази за складирање и организирање на голем број бази со податоци.
• OneNote: Програма за правење на белешки, користена за забележување и организирање на белешки, идеи и информации.
• Publisher: Програма за креирање и објавување на различни документи како што се брошури, флаери и билтени.