ESP Logo

ЕСП РАЗВОЈ И УПРАВУВАЊЕ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КРЕАТИВНОСТ: 5 СОВЕТИ ЗА ДА СТАНЕТЕ ПОКРЕАТИВНИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

зголемување на креативност Featured Image

Често, луѓето се наоѓаат во ситуации каде што им недостасува креативното размислување на работното место. Најчесто, ова се случува поради премногу стрес, штетни рутини и чувства или, пак, поради пасивна работна средина. Но, доколку не сакате да тапкате во место и доколку сте подготвени за нови почетоци и предизвици, лесно можете да ја промените вашата работна етика.

Па, за да го започнете утрешниот работен ден со свежа перспектива, ви препорачуваме да ги прочитате овие 5 совети за зголемување на креативноста:

РАЗМИСЛЕТЕ ЗА ГОЛЕМАТА СЛИКА

Кога се зборува за креативноста често се употребува реченицата „Размислувај надвор од рамката“. Но, пред да се излезе од рамката, треба да се утврди што има внатре во самата рамка. За да ја активирате креативноста, едноставно, треба да се запрашате - зошто сакате да работите на неа и што таа ќе ви донесе на работното место?

На пример, можеби сакате зголемување на креативноста за побргу да ги завршувате работните задачи и да поминувате повеќе време со семејството. Штом го освестите овој аспект и јасно ги дефинирате вашите внатрешни желби и цели, вратите на креативното размислување сами ќе ви се отклучат.   

зголемување на креативност 1

ОСЛОБОДЕТЕ СЕ ОД ДОСЕГАШНАТА РУТИНА

Kреативната страна на мозокот постојано бара нови информации и сензации, а, за жал, дневните рутини го постигнуваат обратниот ефект. Тие колку и да ни помагаат да бидеме организирани, толку ни го ограничуваат искуството и не држат во монотоно секојдневие.

Но, ние го имаме совршеното решение! Иако звучи многу лесно, тоа секогаш прави чуда кога станува збор за зголемување на креативноста.

Едноставно, измамете го вашиот ум со тоа што ќе направите неколку мали промени во вашата рутина. На пример, променете го патот по кој стигнувате на работа, купете нов филџан за кафе или практикувајте јога пред да ви започне смената. Набргу, вашиот ум ќе почне да добива нови информации и ќе прави нови асоцијации, а  со тоа вие ќе добивате уникатни идеи.

зголемување на креативност 2

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КРЕАТИВНОСТ ПРЕКУ ИГРА

Пред да ја започнете вашата авантура за зголемување на креативноста, запаметете дека имагинацијата сака забава. Затоа, доколку не знаете од каде да почнете или, пак, имате блокада, секогаш можете креативноста да ја раздвижите преку игра. Многу успешни иноватори и креативци користеле разни техники и алатки за да поттикнат креативно размислување, а дел од нив и самите смислиле методи.

На обуката за иновативност и креативност на ЕСП, изучуваме неколку такви алатки или „игри“ кои ќе ви ги разлетаат искрите во умот и кои веднаш ќе го разбудат креативецот во вас. Една од нашите омилени техники е техниката на  6-те капи на Де Боно, која поттикнува зголемување на креативноста преку размислување за еден ист проблем од различни гледишта (од перспектива на факти, чувства, процес на размислување, позитивни придобивки, ризици и креативни идеи).

зголемување на креативност 3

СЕТЕТЕ СЕ НА ЛУЃЕТО И НЕШТАТА КОИ ВЕ ИНСПИРИРААТ

Најдобар начин да воспоставите контакт со вашата креативност е да се воодушевувате на туѓата креативност. Сетете се на сите нешта или на луѓето кои ве инспирирале на креативно поле. Размислете, зошто имале толку големо влијание врз вас и што конкретно ви се допаѓало од нивната креативна работа.

Не мора да црпите инспирација само од  познати уметници, иноватори и научници, туку ценете ја креативноста и на вашите колеги, роднини и пријатели. Не плашете се и да ја пофалите креативноста на луѓе кои ги познавате и да им поставите прашања за нивниот креативен процес.

Исто така, инспирацијата не мора да доаѓа, единствено, од луѓето. Може да ве инспирираат градини, архитектонски објекти или планини. Важно е да се сетите на вашите главни извори за инспирација, а можете и да испечатите фотографии и да ги ставите на вашето работно биро за постојано да се потсетувате на нив.

зголемување на креативност 4

НАУЧЕТЕ ПОВЕЌЕ ЗА КРЕАТИВНИОТ ПРОЦЕС

Гледано однатре, креативниот процес е долг и сложен. Но, секој може да научи како да навигира низ него. Ви требаат само неколку состојки, а тоа се: силен мотиватор, труд и квалитетна работа, отворен ум и знаење. Секој од нас е креативен на свој начин. Меѓутоа, колку повеќе знаете за креативниот процес, толку повеќе можете да извлечете од него.

На пример, некои психолози издвојуваат четири фази на креативниот процес: подготовка (собирање информации), инкубација (несвесна обработка на информации), инспирација („Аха“ момент) и верификација (реализација на идејата). Ако знаете дека по подготовката, мозокот сака одмор за несвесно да ги обработи податоците, тогаш нема да се форсирате да продолжите со истражувања и логичка работа.

Ќе земете длабок здив и ќе го оставите умот да дојде до својот „Аха“ момент.

Во ЕСП нудиме обука за креативност и иновации за секој што сака да ја зголеми креативноста или, пак, да научи повеќе за иновативноста и креативниот  процес.

За резервации и прашања, слободно контактирајте го нашиот тим. Нудиме голем

број обуки кои се одлична водилка за сечиј личен и професионален развој!

Наскоро ќе можете да прочитате новости, совети и структура на програмите за сите:

Јазични курсеви

Англиски јазик

Германски јазик

Француски јазик

Италијански јазик

Шпански јазик

Турски јазик

Грчки јазик

Руски јазик

Македонски јазик за странци

Албански јазик

Компјутерски курсеви

Канцелариско работење (word, excel, powerpoint)

Графички дизајн (Photoshop, Indesign, Illustrator)

Проектирање (AutoCAD, ArchiCAD)

Програмирање (Python, C++ )

Обуки и работилници

Развивање емотивна интелигенција

Мотивација

Застапување интереси

Решавање проблеми и донесување одлуки

Ефективно водење состаноци

Справување со тешки клиенти

Управување со тешки ситуации

Менаџирање со работна сила од далечина

Тим и градење тимови

Управување со тимови со високи перформанси

Стратешко планирање

Ангажираност на работното место

Управување со промени

Управување со проекти

Презентациски вештини

Иновативност и креативност (надвор од рамката)

Развој и управувањена човечки ресурси

Обука на обучувачи (ToT)

Вештини за преговарање

Стрес и управување со стрес

Ефективно управување со времето

Продажба и техники на продажба

Ефективно лидерство и менаџмент

Комуникациски вештини

Коучинг

Коучингот ќе ви помогне да покренете акција и да го надминете она што ве кочи и не ви овозможува напредок и успех во вашиот личен и професионален живот


Можеби ќе ве интересира:

КВАЛИТЕТНА РАБОТА совети и насоки како полесно да стигнете до неа?

КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ: Одлики на асертивна комуникација

PHOTOSHOP: 3 причини зошто да следите курс

Тековни УПИСИ АНГЛИСКИ ЈАЗИК во ЕСП

ОПШТ АНГЛИСКИ А1-Ц1

ИЕЛТС

ТОЕФЛ

Тековни ЈАЗИЧНИ уписи во ЕСП

ГЕРМАНСКИ ФРАНЦУСКИ

Албански Грчки

Руски Турски

Јазик

Компјутери

Обуки и работилници


Коучинг


Настани и опрема


Преводи

За Блогот

е-пошти: esp@esp.com.mk;

info@esp.com.mk

Телефони: 2 32 46 041 / 

075 446 706 /

071 324 170 

Повеќе од две децении со вас до вашиот успех

ЕСП - РАЗВОЈ И УПРАВУВАЊЕ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ