Сoвладувањето странски јазик не е лесно за многумина, но со редовно учење и користење правилни методи, секој странски јазик може да се усвои.
Доколку се прашувате како побрзо да напреднете, прочитајте ги овие совети за изучување странски јазик, дадени од професори со долгогодишно искуство:
ДЕФИНИРАЈТЕ ЈАСНИ ЦЕЛИ
Научните истражувања покажуваат дека оние кои јасно си ги дефинираат целите имаат поголеми шанси за успех. Целите го стеснуваат фокусот и овозможуваат веднаш да се прејде на акција. За изучување странски јазик, најдобро е да поставите и краткорочни и долгорочни цели. Еве што треба да знаете за нив:
Долгорочна цел –Кога ќе изгубите мотивација или самодоверба, секогаш потсетете се на вашата главна долгорочна цел. Таа нека биде вашата водилка. Пример: Сакам да го подобрам мојот англиски јазик за да студирам во странство.
За да се потсеќате на целта, можете дури да ја напишете на хартија и да ја залепите над вашето биро.
Краткорочна цел – Долгорочните цели на мигови може да изгледаат невозможни. Затоа, тука се краткорочните цели да ви дадат поддршка.
Наместо постојано да мислите на достигнување C2 ниво по англиски јазик, фокусирајте се на специфични и опипливи резултати.
Кажете си: „Неделава ќе научам 30 англиски збора поврзани со готвење“ или пак „Неделава ќе напишам текст од 500 збора на шпански јазик.“
Доколку ова ви стане редовна практика, за брзо време ќе постигнете огромен напредок.