ESP Logo

ЕСП РАЗВОЈ И УПРАВУВАЊЕ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

ТОЕФЛ тест: Сé што треба да знаете пред да полагате

тоефл тест featured image

Ретко кој не посакал да живее и студира во странство. Таквото искуство се памети цел живот и може да биде клучно за вашиот кариерен развој. За жал, не може веднаш да се спакуваме и да купиме авионски билет. Постојат одредени административни процеси кои мора да се поминат.

 

Во многу случаи е потребен доказ за високо познавање на англиски јазик. За тоа, ќе треба да полагате еден од меѓународно признатите тестови по англиски, како ТОЕФЛ тестот. Еве што треба да знаете за него пред да резервирате термин:

ШТО Е ТОЕФЛ?

ТОЕФЛ е еден од најпознатите стандардизирани тестови кој го мерат познавањето на англиски јазик на странски говорители.

Тестот најчесто го полагаат студенти кои сакаат да запишат на студиска програма во странство. Но, тој може да се полага и за имиграција, добивање привремена работа во друга држава или пак работа во интернационална компанија. 

Која и да е вашата цел, резултатот ќе ви биде валиден две години и во тој период ќе можете скоро секаде да го користите како доказ за познавање на англиски јазик.

ТОЕФЛ Опис 2

КАКВА Е СТРУКТУРАТА НА ТОЕФЛ ИСПИТОТ?

Доколку сте слушнале за ТОЕФЛ, сигурно сте слушнале и за неговата стуркутра. Таа е клучен дел од испитот. Ако однапред ја научите и темелно ги вежбате сите нејзини делови, тогаш полагањето ќе ви оди како подмачкано. 


Структурата состои четири секции: Читање (Reading), Слушање (Listening), Говорење (Speaking) и Пишување (Writing). Секоја секција има различни задачи и различно времетраење:


  • Читање: Содржи 3-4 текстови, а за секој еден добивате 10 прашања. Ќе имате 54 минути за да го завршите овој дел од тестот. 


  • Слушање: Содржи аудиоснимки од 3-4 кратки предавања и 2-3 конверзации. Добивате вкупно 28 прашања, а имате 41 минута да ги одговорите сите.


  • Говорење: Најпроблематичната секција за повеќето. Таа содржи 4 задачи – објаснување одреден збор или фраза, и давање свој став за одредени прашања. Ќе имате 45 – 60 секунди да ја завршите секоја задача, а сето тоа вкупно трае околку 17 минути.


  • Пишување: Ќе треба да напишете два есеја на зададени теми. За едниот ќе имате време 20 минути, а за другиот 30.


ТОЕФЛ СИСТЕМ НА ЕВАЛУАЦИЈА

Бодувањето се врши по секции и потоа се собира резултатот. Вкупниот број на бодови е 120, а секоја секција носи по 30. Резултатот го добивате на мејл 13 денови по полагањето. 

Ако се прашувате кој е идеалниот резултат, имајте предвид дека секоја институција има различни критериуми. На пример, во престижниот универзитет Принстон во Њу Џерси потребно е да добиете повеќе од 27 бодови во секцијата „Слушање“. 


Во други универзити пак, вкупниот број на освоени бодови не треба да биде под 85. Едноставно, сé зависи од самата институција. Најдобро е да ги пронајдете точните информации на нивните веб-страници. Така однапред ќе знаете кон колку бодови да целите. 


За да имате појасна слика за бодувањето, погледнете ги табелите подолу во кои се прикажува како бодовите соодветсвуваат со степенот на познавање на англиски јазик.


Читање – Освоени бодови

24-30

18-23

4-17

0-3

Степен

Напреден

Високо-среден

Ниско-среден

Почетен

Слушање- Освоени бодови

22-30

17-21

9-16

0-8

Степен

Напреден

Високо-среден

Ниско-среден

Почетен

Говорење- Освоени бодови

25-30

20-24

16-19

10-15

0-9

Степен

Напреден

Високо-среден

Ниско-среден

Основен

Под основен

Пишување – Освоени бодови

24-30

17-23

13-16

7-12

Степен

Напреден

Високо-среден

Ниско-среден

Почетен

КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ 

Многу луѓе имаат трема пред полагање на ТОЕФЛ. За да си го намалите стресот, прочитајте ги следните факти кои покажуваат дека тестирањето не е толку страшно колку што делува на прв поглед: 

  • Тестот се полага дигитално на одредени датуми и локации. Може, и пожелно е да закажете тестирање неколку месеци однапред.
  • Тестирањето трае три часа, со 10 минути пауза 
  • Дозволено е за да се прават белешки на празен лист хартија за време на тестирањето
  • Дозволено е да се понесат грицки и вода само што ќе треба да ги извадите амбалажите од продуктите.


TOEFL soveti podgotovka 2

КАКО ПОДОБРО ДА СЕ ПОДГОТВИТЕ ЗА ТОЕФЛ?

Како и за секој тест, потребна е темелна подготовка за да се положи ТОЕФЛ. Но, со редовно и квалитетно вежбање сé може да се постигне. Доколку сакате да бидете чекор пред сите кандидати, следете ги овие совети за успешно полагање на ТОЕФЛ:


  • Дознајте кон колку бодови треба да целите


  • Оставете си минимум 3 месеци простор за редовно вежбање


  • Најдете партнер за учење



  • Побарајте помош од школа за странски јазици која нуди подготовки за полагање на ТОЕФЛ


Најважно од се – не го потценувајте тестот! И да имате напредно познавање на англиски јазик, ако не ја извежбате убаво структурата, нема толку лесно да се снајдете.. Како што советува старата народна поговорка – „Работата од тебе да се плаши, а не ти од неа“.

ЗАКЛУЧОК – ДАЛИ ТОЕФЛ Е ПРАВИЛНИОТ ИЗБОР ЗА ВАС?

Имајте предвид дека TOEFL iBT не е единствениот начин да се добие светски признаен сертификат за познавање на англиски јазик. Постојат и други тестови, како TOEIC, Cambridge и IELTS.

Кој ќе го одберете зависи од вашата цел, како и од критериумите на универзитетот, државата или работното место кое сакате да го добиете. 

Доколку ви е потребна подготовка за TOEFL, Cambridge, IELTS или TOEIC, контактирајте не! Тимот на ЕСП нуди подготовка за полагање на сите меѓународно признати тестови по англиски јазик.

За оние кои се брзаат, даваме и забрзан курс по англиски јазик и ТОЕФЛ. Што и да се одлучите, тука сме за вас!

Наскоро ќе можете да прочитате новости, совети и структура на програмите за сите:

Јазични Курсеви

Англиски јазик

Германски јазик

Француски јазик

Италијански јазик

Шпански јазик

Турски јазик

Грчки јазик

Руски јазик

Македонски јазик за странци

Албански јазик

Компјутерски курсеви

Канцелариско работење (word, excel, powerpoint)

Графички дизајн (Photoshop, Indesign, Illustrator)

Проектирање (AutoCAD, ArchiCAD)

Програмирање (Python, C++ )

Обуки и работилници

Развивање емотивна интелигенција

Мотивација

Застапување интереси

Решавање проблеми и донесување одлуки

Ефективно водење состаноци

Справување со тешки клиенти

Управување со тешки ситуации

Менаџирање со работна сила од далечина

Тим и градење тимови

Управување со тимови со високи перформанси

Стратешко планирање

Ангажираност на работното место

Управување со промени

Управување со проекти

Презентациски вештини

Иновативност и креативност (надвор од рамката)

Развој и управувањена човечки ресурси

Обука на обучувачи (ToT)

Вештини за преговарање

Стрес и управување со стрес

Ефективно управување со времето

Продажба и техники на продажба

Ефективно лидерство и менаџмент

Комуникациски вештини

Коучинг

Коучингот ќе ви помогне да покренете акција и да го надминете она што ве кочи и не ви овозможува напредок и успех во вашиот личен и професионален живот

Види повеќе

Можеби ќе ве интересира:

СТРАНСКИ ЈАЗИК: 5 совети за побрзо совладување


5 совети за успешна ИЕЛТС подготовка

КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ: Одлики на асертивна комуникација

Тековни УПИСИ АНГЛИСКИ ЈАЗИК во ЕСП

ОПШТ АНГЛИСКИ А1-Ц1

ИЕЛТС

ТОЕФЛ

Тековни ЈАЗИЧНИ уписи во ЕСП

ГЕРМАНСКИ ФРАНЦУСКИ

Албански Грчки

Руски Турски

Јазик

Компјутери

Обуки и работилници


Коучинг


Настани и опрема


Преводи

За Блогот

е-пошти: esp@esp.com.mk;

info@esp.com.mk

Телефони: 2 32 46 041 / 

075 446 706 /

071 324 170 

Повеќе од две децении со вас до вашиот успех

ЕСП – РАЗВОЈ И УПРАВУВАЊЕ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ