ESP Logo

ЕСП РАЗВОЈ И УПРАВУВАЊЕ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Сè што треба да знаете за онлајн настава – Кои се нејзините позитивни страни?

онлајн настава предности 1

Поради пандемијата, образованието подлегна на разни измени и предизвици. Единственото решение беше да се префрлиме во виртуелниот свет и да го замениме физичкото присуство со онлајн настава. Учењето на далечина се покажа како одлична алтернатива и им помогна на слушателите непречено да учат и да се надградуваат.


Придонесот на онлајн часовите особено се забележа во изучувањето на странски јазици, пред сé популарниот курс по англиски јазик. Огромен број луѓе низ сиот свет можеа да продолжат да изучуваат англиски и да ги остваруваат своите цели единствено поради дигиталната настава.


Прочитајте подолу за да дознаете кои се позитивните страни на онлајн учењето и зошто тоа се покажа како одлична алтернатива:

ЕФИКАСНОСТ

Онлајн учењето им овозможи на професорите да вклучат повеќе визуелни и аудио ресурси во наставата. Така слушателите добија можност да следат посовремени и

поинтерактивни предавања.


Тие имаа пристап до бројни онлајн алатки, меѓу кои игри и вежби за полесно и побрзо совладување на материјалот.


Научните истражувања одамна имаат докажано дека овие методи се поефикасни од

традиционалниот и строг пристап. Ова важи за секој вид настава; дали курс по компјутери, изучување Adobe Photoshop, обука за организација на времето или пак јазичен курс. 

ФЛЕКСИБИЛНОСТ

Иако многу луѓе сакаат да научат нови јазици, не секој има услови редовно да посетува курс по странски јазик со физичко присуство. Онлајн часовите може да се следат во секое време и од секоја локација.

Тие, исто така, може да се снимаат, да се зачуваат и да се користат во иднина. На овој начин слушателите може да пристапат до предавањата и наставниот материјал кога ќе посакаат.

Освен тоа, онлајн часовите им помагаат на училиштата да ја прошират својата мрежа на слушатели, без ограничувања според географската близина. Почестата интеракција поттикна размена на информации, знаења и искуства не само меѓу градовите во Македонија, туку и меѓу различни држави.

onlajn casovi prednosti kursevi 3

НАМАЛЕНИ ТРОШОЦИ СО ОНЛАЈН НАСТАВА

Дигиталната настава ги крати трошоците. Размислете! За редовно да посетувате курс, треба да вложите време, но и дополнителни средства за превоз, паркинг-билети и друго.


Исто така, во некои школи ќе треба да испечатите или купите дополнителни материјали како флеш-карти и вежбанки. Онлајн наставата ги елиминира овие трошоци.

 

На пример во ЕСП, професорите имаат повеќе слобода да споделуваат онлајн материјали со слушателите, а на часовите ги обработуваат заедно преку опцијата „screen share“. Во овој случај, сите дополнителни материјали се бесплатни и се достапни со само еден клик.


ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА

Некои слушатели подобро учат визуелно, додека други претпочитаат аудио-материјали. Исто така, некои побргу напредуваат во група, додека за други, индивидуалните часови се поефикасни.


Онлајн курсевите, особено во приватните школи, му овозможуваат на секој слушател да го одбере методот на учење кој нему му одговара.


Од почеста комуникација со професорот до поголема достапност на разни материјали, интернет часовите ги нудат сите потребни алатки за да се задоволи сечија потреба. Тие одговараат на разни стилови на учење и затоа со нив, секој може полесно да усвои нов материјал.


ЗАКЛУЧОК

Дигиталното учење има многу предности и лесно е да се увиди зошто целиот свет толку бргу го присвои. Но, секој слушател има различни навики, потреби и преференци.

Не постои универзално правило кое важи за сите. Доколку не можете да се одлучите кој метод е најдобар за вас, слободно контактирајте со нашиот тим.

ЕСП ви нуди и настава во живо и онлајн часови. Тука сме да ви помогнеме да го одберете најдоброто за вас! Во меѓувреме, проверете ги нашите пакети со онлајн

курсеви на esp.com.mk


Наскоро ќе можете да прочитате новости, совети и структура на програмите за сите:

Јазични курсеви

Англиски јазик

Германски јазик

Француски јазик

Италијански јазик

Шпански јазик

Турски јазик

Грчки јазик

Руски јазик

Македонски јазик за странци

Албански јазик

Компјутерски курсеви

Канцелариско работење (word, excel, powerpoint)

Графички дизајн (Photoshop, Indesign, Illustrator)

Проектирање (AutoCAD, ArchiCAD)

Програмирање (Python, C++ )

Обуки и работилници

Развивање емотивна интелигенција

Мотивација

Застапување интереси

Решавање проблеми и донесување одлуки

Ефективно водење состаноци

Справување со тешки клиенти

Управување со тешки ситуации

Менаџирање со работна сила од далечина

Тим и градење тимови

Управување со тимови со високи перформанси

Стратешко планирање

Ангажираност на работното место

Управување со промени

Управување со проекти

Презентациски вештини

Иновативност и креативност (надвор од рамката)

Развој и управувањена човечки ресурси

Обука на обучувачи (ToT)

Вештини за преговарање

Стрес и управување со стрес

Ефективно управување со времето

Продажба и техники на продажба

Ефективно лидерство и менаџмент

Комуникациски вештини

Коучинг

Коучингот ќе ви помогне да покренете акција и да го надминете она што ве кочи и не ви овозможува напредок и успех во вашиот личен и професионален живот


Можеби ќе ве интересира:

СТРАНСКИ ЈАЗИК: 5 совети за побрзо совладување


КВАЛИТЕТНА РАБОТА: Совети и насоки како полесно да стигнете до неа?


6 НОВОГОДИШНИ РЕЗОЛУЦИИ за подобар живот во 2022

Тековни УПИСИ АНГЛИСКИ ЈАЗИК во ЕСП

ОПШТ АНГЛИСКИ А1-Ц1

ИЕЛТС

ТОЕФЛ

Тековни ЈАЗИЧНИ уписи во ЕСП

ГЕРМАНСКИ ФРАНЦУСКИ

Албански Грчки

Руски Турски

Јазик

Компјутери

Обуки и работилници


Коучинг


Настани и опрема


Преводи

За Блогот

е-пошти: esp@esp.com.mk;

info@esp.com.mk

Телефони: 2 32 46 041 / 

075 446 706 /

071 324 170 

Повеќе од две децении со вас до вашиот успех

ЕСП – РАЗВОЈ И УПРАВУВАЊЕ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ