КВАЛИТЕТНА РАБОТА: СОВЕТИ И НАСОКИ КАКО ПОЛЕСНО ДА СТИГНЕТЕ ДО НЕА?
Наоѓањето квалитетна работа стана многу потешко за време на пандемијата. Многу
професии отидоа на незаслужен „одмор“ поради недостигот на потрошувачи, а со тоа и многу луѓе останаа без своите основни приходи.
Пандемијата сите нѐ фати неспремни и на некој начин „залежани“ во својата веќе одбрана
професија од која тешко се решаваме на промени. Сепак, новото време или „ковид-периодот“, нѐ научи дека човекот учи додека е жив. Затоа, секогаш треба да бидеме подготвени за нови предизвици и промени.
За таа цел, треба да се вложи труд и да се работи на подобрување на сите аспекти во животот, вклучувајќи ја кариерата и личниот развој. Ова е првиот и основниот чекор за наоѓање поквалитетна работа, а за останатите прочитајте повеќе подоле:
За да стигнете чекор поблиску до подобро работно место, треба да бидете објективни. Запрашајте се кои се квалитетите што ги носите, а кои пак ви недостасуваат. Потоа
ставете се во позиција на работодавец. Дали би се вработиле и кои вештини ви
недостасуваат за да го добиете вашето идеално работно место?
Никој не е совршен така што не плашете се да ги увидите вашите „слаби страни“. Тоа е одлична можност да размислите кои вештини сакате понатамошно да ги развиете и како да го постигнете тоа.
Но, не заборавајте да си ги цените способности кои веќе ги имате. На пример, доколку вашите пријатели постојано ви зборуваат дека убаво цртате, зошто не се запишете на курс по графички дизајн и да стекнете нова вештина која е актуелна, корисна и интересна?
Уште еден клучен фактор за добивање на нова работа е имањето квалитетно CV. Тоа
го гради првиот впечаток на работодавецот за вас и влијае врз неговата/нејзината конечна одлука.
Многумина последен пат го отвориле CV-то кога последен пат аплицирале за работа, а од тогаш стекнале голем број нови вештини. Внимателно прочитајте го уште еднаш и додадете ги сите релевантни знаења и работни искуства кои сте ги стекнале низ годините.
Не заборавајте дека една од најчестите грешки која луѓето ја прават при пишување CV е наведување вештини за кои немаат вистински познавања. Вашите квалитети или квантитети ќе се откријат порано или подоцна, затоа одбегнувајте да додавате нешто „екстра“ само колку да отскокнете од толпата.
За да добиете подобра работна позиција, мора да вложите време на личниот и кариерниот развој. Доколку не знаете од каде да почнете, направете истражување кои
професии се најбарани во овој период и кои вештини треба да ги поседувате за
нив. Потоа размислете кои обуки или курсеви би ви помогнале да ги стекнете истите.
Откако успешно ќе ги комплетирате курсевите и ќе стекнете доволно знаење, не заборавајте да ги наведете новите вештини во вашето CV.
Исто така, работодавачите многу повеќе ќе ценат ако искрено кажете дека ги развивате способностите што се неопходни за работното место за кое аплицирате. Ова значи дека сте амбициозни и дека сакате да работите на себе и својата иднина.
Пазарот е таков каков што е и не секогаш сите ќе враќаат на вашите
апликации, но тоа нека не ве обесхрабрува. Бидете упорни, често разгледувајте
ги сајтовите за вработување и повторно испраќајте го вашето CV.
Доколку не добиете никаков одговор откако ќе аплицирате, по две до три недели, телефонирајте ја компанијата или пак испратете мејл во кој прашувате дали одбрале кандитат за бараното работно место.
Така, работодавците ќе видат дека навистина сте заинтересирани за позицијата, па можеби уште еднаш ќе ги прегледаат сите кандидати и можеби овојпат среќата ќе ви се насмевне.
Запомнете, во потрагата по квалитетна работа, најважно е вие да сте подготвени, а ЕСП ви стои на располагање со своите обуки и курсеви кои може да ви помогнат полесно да се справите со сите предизвици.
Човекот учи додека е жив, но полесно учи кога има некој да го поттикне.
Наскоро ќе можете да прочитате новости, совети и структура на програмите за сите:
Можеби ќе ве интересира:
Јазик
Компјутери
Обуки и работилници
Коучинг
Настани и опрема
Преводи
За Блогот
е-пошти: esp@esp.com.mk;
info@esp.com.mk
Телефони: 2 32 46 041 /
075 446 706 /
071 324 170