Колку пати ви се случило да направите фотографија која изгледа совршено на вашиот телефон, но многу лошо на компјутер!? Штета е да ја избришете фотографијата, особено што можете лесно и бргу да ја уредите и подобрите.
Без разлика дали планирате да станете професионален фотограф или сакате да објавувате поубави слики на социјалните мрежи, алатката Adobe Photoshop ќе ви биде од голема корист. Доколку темелно ја научите, ќе можете од секоја фотографија да направите ремек дело.
Постојат повеќе причини зошто курс по Adobe Photoshop може да ви биде од корист. Ви ги издвоивме најважните:
Не ви се допаѓа работата во канцеларија и сакате да имате повеќе слободно време? Тогаш сигурно размислувате да работите како фриленсер. Една од најбараните работни позиции на фриленс сајтовите е токму графички дизајнер. Креирање на банери, постови, слики, икони за инстаграм … сѐ бара дизајнер со познавање на Photoshop.
Фриленс работата е одличен начин да се издвоите од толпата. Работењето од дома, дали привремено или не, ќе ви овозможи да правите дополнителни приходи, но и да поминувате повеќе време со семејството и вашите блиски.
Пазарот на трудот сѐ повеќе се ориентира кон дигиталниот свет. Повеќето компании бараат познавање на алатките Photoshop, Illustrator и InDesign, особено за работни места поврзани со дигиталниот маркетинг.
На пример, познавањето на Photoshop е клучно за секој кој менаџира социјални мрежи. Со неколку кликови, можете да ги промените димензиите на сликата, да ги избришете непосакуваните предмети, да додадете текст и да ги промените боите.
Животот често знае да биде непредвидлив и стресен. Креативните хобија ни помагаат да се исклучиме од секојдневието, да се опуштиме и да ги турнеме границите на нашата имагинација.
Во секој човек има уметник, прашањето е дали ќе му дозволиме да твори.
Photoshop е одлична алатка за развивање на креативно хоби. Сакате да цртате, да правите фото-манипулации, да креирате движечки слики или слики во 3D? Сѐ е возможно со познавање на ова алатка!
Ви треба само желба за учење и компанија како ЕСП – Скопје, која со својот курс по Adobe Photoshop ќе ви овозможи да ја совладате програмата.
Што сѐ ќе научите ако се запишете на курс по Adobe Photoshop во ЕСП – Скопје:
-Кои алатки се користат за обработка на компјутерска графика, типови на компјутерска графика, што е резолуција, што е пиксел…
-Лента за апликации, лента за алатки, лента за опции, прозорец за документот и простор за панели
-Пенкало, алатка за форми, алатка за селектирање на патека
-Која резолуција е соодветна за фејсбук, која за инстаграм, линкдин…
-Како да исечете слика и како да селектирате одреден дел
-Како да поставите сенка, како да заматите одреден дел од сликата
-Промена на квалитетот на фотографиите, измазнување на делови, бришење, подредување на сегментите во фотографијата
-Манипулирање со нијансата на сликата, изедначување на посјајни и поматни делови, балансирање на боите кои доаѓаат до израз
-Која е разликата меѓу jpg, png, gif и каде сѐ може да се користат
-Спојување на две или повеќе слики во една и манипулирање со елементите на сликите
Слободно контактирајте не за повеќе информации околу курсот по Photoshop. Нашиот тим е секогаш тука за вас! Ве очекуваме!
Наскоро ќе можете да прочитате новости, совети и структура на програмите за сите:
Можеби ќе ве интересира:
Јазик
Компјутери
Обуки и работилници
Коучинг
Настани и опрема
Преводи
За Блогот
е-пошти: esp@esp.com.mk;
info@esp.com.mk
Телефони: 2 32 46 041 /
075 446 706 /
071 324 170
Повеќе од две децении со вас до вашиот успех
ЕСП – РАЗВОЈ И УПРАВУВАЊЕ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ