ESP Logo

ЕСП РАЗВОЈ И УПРАВУВАЊЕ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ: ОДЛИКИ НА АСЕРТИВНА КОМУНИКАЦИЈА

Комуникациски вештини Featured Image

Комуникациските вештини се клучни за здрав и балансиран живот, а, сепак, голем број луѓе не ги поседуваат. Доколку и вие имате проблем на ова поле, не грижете се. Комуникациските способности во секое време можат да се научат и да се подобрат. Еден од начините да станете подобри комуникатори е да почнете да ја применувате техниката на асертивна комуникација.


Асертивноста подразбира јасно и директно изразување на вашите ставови со почит спрема вашиот соговорник. Таа спречува последици како што се агресија, пасивност и разочарување бидејќи овозможува да воспоставите појасни и поквалитетни врски со луѓето околу вас, вклучувајќи ги и вашите партнери, пријатели и колеги.


Но, за да го совладате овој тип комуникација, најпрво, треба да се запознаете со нејзините основи. Затоа, прочитајте ги следниве одлики на асертивната комуникација кои може да почнете да ги применувате веднаш по читањето на текстот:


УПОТРЕБА НА „ЈАС“ НАМЕСТО „ТИ“

Многу често во конфликти луѓето го користат второ лице еднина наместо прво. Но со ваквиот тип на обраќање, конфликтите може никогаш да не згаснат бидејќи вината секогаш ќе оди во круг и ќе се префрла од едниот на другиот соговорник.

На пример, замислете си дека имате колега кој секогаш доцни на работа и поради тоа вие секогаш му ги преземате утринските обврски. Еден ден се одлучувате да преземете акција и да го освестите за неговото доцнење. Како би постапиле и што би му кажале на вашиот

колега?

Доколку употребите второ лице еднина: „Ти секогаш доцниш на работа“, тој може да се почувствува критикувано и нападнато. Колегата може да стане и дефанзивен и вината да ја префрли на вас, исто со реченици во второ лице еднина, на пример, „Ти, пак, секогаш порано заминуваш од работа“. Очигледно е дека ваквата расправија би одела до недоглед.

Затоа, секогаш употребете го прво лице. На пример: „Мене негативно ми влијае твоето доцнење“ или „Јас сум преоптоварена со работни обврски секое утро кога ти доцниш“. Ваквата динамика би ве однела и двајцата поблиску до наоѓање на решение и воспоставување порамноправен однос.


комуникациски вештини_ одлики на асертивна комуникација 1

ОБРАЗЛОЖУВАЊЕ НАМЕСТО ОБВИНУВАЊЕ И ПРЕУВЕЛИЧУВАЊЕ

Кога долго време премолчувате за некое однесување кое вам ви пречи, тогаш се зголемуваат шансите дека ќе избувнете во дадена ситуација. За да ја демонстрираме оваа честа појава, ќе дадеме уште еден пример (повторно со доцнење).

Може да имате пријател кој често доцни на вашите средби и поради тоа целосно ви го изместува вашиот дневен распоред. Наместо да му кажете „Повторно ти доцниш и сега нема смисла да седиме веќе“ или „Ја уништи вечерата со твоето доцнење“, употребете ја следнава формула која е карактеристична за асертивната комуникација:

Кога ти (однесувањето на соговорникот), тогаш (резултатот од однесувањето) и јас се

чувствувам (вашите чувства).

Во случајот прикажан во примерот, тоа би гласело: Кога ти доцниш тогаш мене ми се изместува дневниот распоред и немам време да ги завршам планирате обврски и затоа се чувствувам фрустрирано. Откако ќе ја примените оваа комуникациска вештина, соговорникот ќе може подобро да ја разбере вашата перспектива, а со тоа би бил и повеќе мотивиран да го промени однесувањето со кое вас ви штети.


КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ВКЛУЧУВААТ И ПРАВЕЊЕ КОМПРОМИСИ

Тврдоглавоста и одбивањето да се најде заеднички компромис се одлики на недоволно развиени комуникациски способности. Тие често се присутни во агресивниот тип на комуникација. Од друга страна, емпатијата и почитта кон соговорникот се основите на зрелата и асертивна комуникација. Затоа, наместо да создавате конфликти и секогаш да инсистирате да биде „по ваше“, обидете се да најдете решение кое би ги задоволило и двете страни.

Откако ќе ги изнесете на маса вашите ставови и гледишта, внимателно ислушајте го вашиот соговорник за да ја дознаете неговата/нејзината перспектива. Не заборавајте дека комуницирате со човек кој како и вие, има одредени ставови и чувства и дека треба да ги почитувате и вреднувате исто како да се ваши. Кога и двајцата ќе бидете фер и транспарентни еден со друг тогаш лесно ќе може да направите компромис и да воспоставите здрава рамнотежа во вашиот однос.

НЕВЕРБАЛНИ КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ

Слушателите на обуката за комуникациски вештини на ЕСП секогаш се изненадени кога ќе дознаат дека севкупната комуникација е збир на 7 % вербална комуникација и 93 % тон на глас и невербалното однесување. Затоа, клучен фактор за подобрување на вашите комуникациски способности е да станете свесни за невербалните знаци кои ги давате. Асертивните комуникатори секогаш се свесни за нивната невербална комуникација.

Применете ги нивните тактики уште од денес и веднаш ќе ги почувствувате

разликите:


  • Гледање на соговорникот во очи

 

  • Смирено и контролирано дишење

        

  • Смирен и рамномерен тон на гласот

        

  • Исправени врат, грб и раменици

       

  • Олабавени движења и гестикулации.


За да станете вешти во асертивната комуникација, пожелно е и да избегнувате одредени невербални знаци како што се стискање тупаници, прекршување на прсти, прекрстување на раце и нозе и тресење на нозете.


комуникациски вештини_ одлики на асертивна комуникација 2

САМОДОВЕРБА, ЈАСНОСТ И КОНТРОЛА

Запаметете дека невербалната комуникација зависи од нашата внатрешна состојба. Сé што мислиме и чувствуваме се одразува врз нашиот говор на телото, тонот на гласот и фацијалните експресии. На пример, доколку се чувствуваме загрозено или уплашено, инстинктивно се подгрбавуваме, ги прекрстуваме рацете или, пак, правиме вознемирени и нејасни гестикулации.


Затоа, секогаш треба да комуницирате со чист ум, односно да имате јасна цел и да не дозволите чувствата да ве преовладаат. Постојат три одлики на асертивна комуникација кои ќе ви помогнат да го задржите внатрешниот мир. На англиски се познати како “the three C’s of assertive communication”:


  • Самодоверба (Confidence) – Доколку силно верувате во себе и во

она што го зборувате, вашите тело и лик ќе го отсликаат тоа и ќе овозможат

соговорникот сериозно да го прифати тоа што имате да го кажете. Колку повеќе

верувате во себе и се вреднувате, толку помали ќе бидат шансите да станете

агресивни, пасивни или манипулативни.

        

  • Јасност (Clarity) – Кога зборувате, треба да бидете прецизни и јасни.

Ова ќе му го одземе вниманието на слушателот и ќе ве донесе поблиску до

компромисот кој вам ви одговара. Запаметете, комуникацијата е секогаш

двострана, затоа не плашете се да вложите малку екстра труд за да бидете убаво

разбрани.

        

  • Контрола (Control) – Кога комуницирате, пожелно е да имате увид врз

целата ситуација. Ова го подразбира однесувањето на вашиот соговорник, но и

вашето. Следете се себе си и контролирајте ги чувствата кои ви доаѓаат. На

почетокот ова можеби ќе ви биде тешко, но постојат едноставни методи кои можат

да ви помогнат, како што е на пример, смирување на дишењето или броење до десет.


ЗАКЛУЧОК

Менувањето на начинот на кој комуницираме значи и менување на нашата перцепција. Голем дел од луѓето се влезени во комуникациски ритуали кои се штетни за нив и нивниот социјален живот и кариера. Но, секој аспект од нашите животи може да се подобри, особено ако вложиме доволно труд и енергија. Асертивната комуникација е одличен прв

чекор за подобрување на односите и комуникацијата со луѓето околу вас.


Во ЕСП, таа се изучува во рамки на обуката за „Комуникациски вештини“, заедно со уште една голема палета на техники и алатки за поефикасна и квалитетна комуникација.

Контактирајте нѐ за повеќе информации или посетете ја секцијата „Обуки и работилници“ на нашата веб-страница каде може да најдете сé што ви е потребно за вашиот личен и кариерен развој.

Наскоро ќе можете да прочитате новости, совети и структура на програмите за сите:

Јазични курсеви

Француски јазик

Италијански јазик

Шпански јазик

Турски јазик

Грчки јазик

Руски јазик

Македонски јазик за странци

Албански јазик

Компјутерски курсеви

Канцелариско работење (word, excel, powerpoint)

Графички дизајн (Photoshop, Indesign, Illustrator)

Проектирање (AutoCAD, ArchiCAD)

Програмирање (Python, C++ )

Обуки и работилници

Развивање емотивна интелигенција

Мотивација

Застапување интереси

Решавање проблеми и донесување одлуки

Ефективно водење состаноци

Справување со тешки клиенти

Управување со тешки ситуации

Менаџирање со работна сила од далечина

Тим и градење тимови

Управување со тимови со високи перформанси

Стратешко планирање

Ангажираност на работното место

Управување со промени

Управување со проекти

Презентациски вештини

Иновативност и креативност (надвор од рамката)

Развој и управувањена човечки ресурси

Обука на обучувачи (ToT)

Вештини за преговарање

Стрес и управување со стрес

Ефективно управување со времето

Продажба и техники на продажба

Ефективно лидерство и менаџмент

Комуникациски вештини

Коучинг

Коучингот ќе ви помогне да покренете акција и да го надминете она што ве кочи и не ви овозможува напредок и успех во вашиот личен и професионален живот

Види повеќе

Можеби ќе ве интересира:

POWERPOINT: Како до поинтересна презентација?

КВАЛИТЕТНА РАБОТА: Како полесно да стигнете до неа?

СТРАНСКИ ЈАЗИК: 5 совети за побрзо совладување

Тековни УПИСИ АНГЛИСКИ ЈАЗИК во ЕСП

ОПШТ АНГЛИСКИ А1-Ц1

ИЕЛТС

ТОЕФЛ

Тековни ЈАЗИЧНИ уписи во ЕСП

ГЕРМАНСКИ ФРАНЦУСКИ

Албански Грчки

Руски Турски

Јазик

Компјутери

Обуки и работилници


Коучинг


Настани и опрема


Преводи

За Блогот

е-пошти: esp@esp.com.mk;

info@esp.com.mk

Телефони: 2 32 46 041 / 

075 446 706 /

071 324 170 

Повеќе од две децении со вас до вашиот успех

ЕСП – РАЗВОЈ И УПРАВУВАЊЕ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ