Доколку сакате да работите или студирате во странство, неизбежно е полагањето на еден од меѓународните испити за познавање англиски јазик. Дали ќе одберете ТОЕФЛ или ИЕЛТС зависи од вашата цел, како и од критериумите на универзитетот или работното место. На пример, ТОЕФЛ тестот е популарен во САД додека ИЕЛТС се преферира во Обединетото Кралство и Азија.
Без разлика за кој тест и да се одлучите, потребно е темелно да се подготвите пред тестирањето. ЕСП е тука да ве научи како да го совладате материјалот и успешно да го положите испитот. Нашиот тим издвои 5 совети за ИЕЛТС подготовка кои со сигурност ќе ве однесат поблиску до целта:
ДОЗНАЈТЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА САМИОТ ТЕСТ
За успешна ИЕЛТС подготовка, потребно е да научите колку што можете повеќе за самиот испит. Тоа ќе ви помогне да го победите првичниот страв, но и потемелно да се подготвите за тестот. Кога ќе дознаете повеќе за структурата на тестот и кога ќе видите примери од претходни ИЕЛТС тестови, ќе знаете на што точно да се фокусирате. Исто така, важно е да ги имате предвид и практичните аспекти.
Ваквите информации ќе ви овозможат подобро да се организирате. Па така, важно е да знаете дека ИЕЛТС тестот може да биде академски и општ, а се полага или на компјутер или на хартија. ИЕЛТС тестот има и посебна структура која се состои од четири главни секции (слушање, читање, говорење и пишување). Секоја од нив содржи повеќе задачи и се бодува од 0 до 9.
