Постојат многу агли/ аспекти од кои можеме да го анализираме донесувањето на одредена одлука. Според психологијата, одлучувањето се смета за когнитивен процес што резултира со избор. Исто така, можеме да кажеме, процесот – донесување одлука е патека/траекторија на дејствување која се создава природно со сите чекори кои ги преземаме.
Секој ден, од самото будење, па сѐ до крајот на денот, односно до заспивањето, свесно или несвесно го одиме патот наречен донесување одлуки, кои го одредуваат текот на настаните. Не само во едно деноноќие, напротив, некои од нив може да влијаат и на подолг рок. Всушност, ако погледнеме од една поинаква перспектива, ние сме тие кои ги носиме нашите одлуки во текот на денот/ животот.
Се смета дека постојат два типа на донесување одлуки – РАЦИОНАЛНО и ИНТУИТИВНО. Што значи тоа? Кога донесуваме одлука која се базира на рационално размислување, тоа е базирано на логика, вештини, искуство, но и употреба на логика за донесување заклучоци. Овој тип на размислување ја анализира целата ситуација, за да се разбере подобро големата слика. Доколку донесуваме одлука, која се базира на интуитивно размислување, тогаш можеме да кажеме дека заклучоците сме ги донеле водејќи се од сопствените емоции/чувства.
Карактеристично за ова размислување е употребата на имагинација за креирање на нови идеи. Сите ние сме примениле од двата стила на донесување одлука, зарем не? Изборот зависел од ситуацијата и позицијата која ние сме ја имале во тој даден момент.
Важно е да се стремиме да постигнеме баланс помеѓу рационалното и интуитивното размислување – независно каков тип, на донесување одлука, ни е својствен.
Со сигурност можеме да заклучиме, дека проблемите се иницијатори на процесот на учење или, пак, уште можеме да кажеме дека проблемите се во служба на отпочнување на процесот на учење. Многу често, и лесно, секој од нас може да падне во сопствена замка наречена „комфорна зона“, дури и ако тоа значи да останеме без решение на некој проблем кој ни пречи и не боцка како „камче во чевел“. Ви се случило нели? Прогресот е надвор од комфорната зона. Конфронтирањето со проблемот, може да му даде конструктивна насока на целото поле во кое дејствуваме и на релациите кои ги градиме со другите луѓе. Можеме да започнеме со неколку едноставни прашања кои ќе не одведат до подетално анализирање на проблемот.
Со поставувањето на прашањата го минуваме процесот на разглобување на самиот проблем до најситни делчиња, а потоа го градиме решението. Дел од прашањата кои можеме да (си) ги поставиме се: Што се случило? Кој сѐ е вклучен или засегнат? Зошто се случило? Почнете од нив и гледајте како се одмотува клопчето. Секој проблем е различен, и носи свој контекст, токму затоа нашиот тим од ЕСП, посветено работи на развој на човечките капацитети. Доколку овој блог е инспирација за да излезете од вашата комфорна зона, со тоа што ќе ги погледнете предизвиците во очи, оваа обука – „Решавање проблем“ се изучува во рамки на обуката за „Решавање проблеми и донесување одлуки“. Контактирајте нѐ за повеќе информации или посетете ја секцијата „ Обуки и работилници “ на нашата веб-страница каде може да најдете сé што ви е потребно за вашиот личен и кариерен развој.
Сигурни сме дека постојат многу трикови како да си олесните некој процес и да пристапите кон донесување одлука, ние издвојуваме 5 од вкупно 10-те правила*.
1. Фокусот треба да биде ставен на најважните работи. Од сите работи еден фактор е најбитен и мора да му се даде приоритет.
2. Не треба да се донесуваат одлуки сѐ додека не сте подготвени за тоа. Не донесувајте импулсивни одлуки.
3. Донесувањето одлука треба да биде можност за подобрување.
4. Реалното гледање на одлуката истата ќе ја направи вистинска.
5. И најбитно – Што е тоа што сакаме да го постигнеме? Која е целта?
Тоа нека ни биде водич
Донесувањето одлука е процес за кој е, навистина, важно да имаме добро развиен систем на самоподдршка преку силни лични капацитети, бидејќи како што заклучивме одлуките коишто ги донесуваме секој ден влијаат и на долг рок. ЕСП посветено работи на развој на човечките капацитети. Доколку овaa блог објава е инспирација, вештината – „Донесување одлуки“ се изучува во рамки на обуката „Решавање проблеми и донесување одлуки“.
Контактирајте нѐ за повеќе информации или посетете ја секцијата „Обуки и работилници“ на нашата веб-страница каде може да најдете сé што ви е потребно за вашиот личен и кариерен развој.
Наскоро ќе можете да прочитате новости, совети и структура на програмите за сите:
Можеби ќе ве интересира:
Јазик
Компјутери
Обуки и работилници
Коучинг
Настани и опрема
Преводи
За Блогот
е-пошти: esp@esp.com.mk;
info@esp.com.mk
Телефони: 2 32 46 041 /
075 446 706 /
071 324 170
Повеќе од две децении со вас до вашиот успех
ЕСП – РАЗВОЈ И УПРАВУВАЊЕ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ